Буња · Мермер
НајпродаванСафир
- Финиш
- Буња
- Дебелина
- 1,5 cm
- 30 × 7 cm
Премиум природен камен
Камен што остава впечаток
Традиција, квалитет и сигурен партнер
Природниот камен е материјал што создава идентитет. Повеќе од 25 години, ДАГО Мермери е синоним за внимателна селекција на мермер, гранит, варовник и травертин, обезбедувајќи материјали што траат со генерации.
повеќе за нас
Зошто ДАГО Мермери?
01
Директен увоз
Директен увоз на природен камен од Египет, Кина, Зимбабве, Грција и Бугарија.
02
Магацин со залиха
Широк избор производи, достапни веднаш.
03
Стручен совет
Помагаме при избор на материјал и финиш, според примената, објектот и буџетот.
04
Брза испорака
Од нашиот магацин до вашето градилиште, за станбени, комерцијални и архитектонски проекти.
100+
Производи на лагер
5
Земји на директен увоз
25+
Години искуство
Посетете го нашиот магацин во Велес и разгледајте голем избор на гранит, мермер и варовник. Травертин набавуваме по нарачка. На залиха имаме гранитни и мермерни плочки, скали, фасадни облоги, декоративен камен (буња), споменици и други производи од природен камен. Изберете го материјалот во живо и добијте брза испорака низ цела Македонија.
Посетете неСе што прашуваат клиентите.
Магацинот во Велес постојано држи широк асортиман на скали, плочки, табли, ленти, декоративен камен (буња) и споменици, во најбараните димензии. Окапници изработуваме по мерка според вашите димензии. Пишете ни што Ви треба и веднаш ја потврдуваме моменталната достапност.
Изборот на гранит, мермер, травертин или варовник зависи од намената, условите на користење и дали каменот е за екстериер или ентериер. Пишете ни дали ви е потребен за двор, фасада, скали, тераса, базен, под или бања, а ние ќе ви предложиме најсоодветен материјал, финиш и димензија. Посетете го нашиот магацин во Велес и споредете ги различните видови природен камен во живо пред да ја донесете конечната одлука.
Нудиме широк избор на гранит, мермер и варовник во различни природни нијанси. Травертин набавуваме по нарачка. Материјалите се достапни во повеќе димензии, дебелини и обработка, како полирано и рапаво за ентериер и екстериер. Ќе ви помогнеме да го изберете најсоодветниот камен според вашата намена и стил.
Не, ДАГО Мермери не врши монтажа. На нашите социјални мрежи и веб-страница често споделуваме фотографии и видеа од успешно реализирани проекти изработени со нашите материјали. Монтажата ја изведуваат мајстори кои клиентите самостојно ги избираат и ангажираат.
Работиме со производи од природен камен во стандардни димензии, а по потреба нудиме и сечење и изработка според вашите точни димензии. На тој начин материјалот може да се прилагоди на конкретните потреби на вашиот проект. Доколку имате точни димензии или план, испратете ни ги и ќе ви изготвиме понуда.
Да, доколку ви е потребна достава, можеме да ви помогнеме со организација на транспорт преку доверлива надворешна транспортна компанија. Цената за транспорт зависи од количината и тежината на материјалот, како и од локацијата на испорака. Контактирајте не за да ви подготвиме понуда за транспорт заедно со вашата нарачка.
Да. Иако во нашиот магацин работиме претежно со готови производи на залиха, за поголеми проекти можеме да организираме нарачка на готови гранитни, мермерни, травертински или варовнички елементи изработени според вашите димензии и проектни барања, директно од нашите партнери и производители.
Потребно е да се има предвид дека производите изработени по нарачка не се достапни веднаш, бидејќи е потребно време за нивна изработка, обработка и транспорт до нашиот магацин. Рокот за испорака зависи од видот на материјалот, количината и сложеноста на проектот.
Доколку имате проект, архитектонски цртеж или точни димензии, контактирајте не и со задоволство ќе ги провериме можностите и ќе ви подготвиме понуда.
Вашиот проект започнува со вистинскиот камен.
Посетете го нашиот магацин во Велес, јавете ни се или испратете ни порака. Ќе ви помогнеме да го изберете најдоброто решение за вашиот проект.