Материјали
Природата не работи по шаблон. Затоа ниту едно парче камен не е целосно исто. Мермер, гранит, травертин и варовник носат различни бои, текстури и можности за обработка. Изберете го материјалот според просторот, намената и изгледот што сакате да го постигнете. Добриот избор започнува со вистинскиот камен.

5 камења на залиха
Мермер
Мермерот е природен камен со карактеристична структура, видливи жили и нијанси кои се разликуваат од плоча до плоча. Во зависност од видот и обработката, може да има мазна полирана површина или поприроден, текстуриран изглед.
Повеќе за мермер
11 камења на залиха
Гранит
Гранитот е цврст и отпорен природен камен, погоден за површини кои се користат секојдневно и треба да издржат поголемо оптоварување. Во зависност од видот, може да има ситна или изразена структура, различни зрна и широк спектар на бои, од светли до темни нијанси.
Повеќе за гранит
Набавка по нарачка
Травертин
Травертинот е природен камен со препознатлива пореста структура и топли земјени нијанси. Неговите природни шуплини и неправилности се дел од изгледот на материјалот и му даваат поизразена текстура од рамномерните камени површини.
Повеќе за травертин
1 камен на залиха
Варовник
Варовникот е природен камен со специфична структура и изразена површина, погоден за проекти каде што се бара поавтентичен и природен изглед. Неговата текстура создава различни сенки и визуелна длабочина, особено кога се користи на поголеми површини.
Повеќе за варовникНе го гледате каменот што ви треба?
Набавуваме и по нарачка. Пратете ни проект, скица или фотографија – ќе предложиме камен и финиш.

