Прескокни до содржината

Декоративен камен и буња

Природен декоративен камен за фасади, ѕидови и огради. Разгледајте буња од мермер, гранит и гнајс со природно расцепено лице и рустичен изглед.

Буњата е тенок природен камен што се лепи на ѕид, и надвор и внатре. Се користи за фасади, надворешни и внатрешни ѕидови и огради. Ја имаме во формати 30 × 7 × 1,5 cm и 30 × 10 × 2 cm (мермер и гранит), и гнајс 10–30 × 10 × 1,5 cm со променлива должина, на залиха во Велес.

7 производи

Производи

Чести прашања

Буња се тенки парчиња природен камен (мермер, гранит или гнајс) што се лепат на ѕид. Се користи за фасади, ѕидови и огради.

И за двете. Се лепи на надворешни и на внатрешни ѕидови.

Буња 30 × 7 × 1,5 cm: 48 парчиња се 1,01 м². Буња 30 × 10 × 2 cm: 34 парчиња се 1,02 м². Гнајсот (Голд, Силвер) е со променлива должина и се нарачува во м².

Сафир и Антрацит (мермер од Египет), Елеганс и Роса (гранит од Египет), Голд и Силвер (гнајс од Бугарија).

Не. Ние продаваме и сечеме камен. Лепењето го прави вашиот мајстор. Превозот е по договор, или подигање од Велес.