Прескокни до содржината

Гранит

Најцврстиот камен за скали, тераси и површини по кои се оди секој ден.

Јакост
129–364 MPa
Апсорпција
0,01–0,31 %
Финиши
Полиран · Рапав · Буња
Залиха
11
Гранитни плочи од различни видови исправени една до друга во дворот на ДАГО

11 камења на залиха

Гранити на залиха

За материјалот

Што е гранит?

Гранитот е цврст и отпорен природен камен, погоден за површини кои се користат секојдневно и треба да издржат поголемо оптоварување. Во зависност од видот, може да има ситна или изразена структура, различни зрна и широк спектар на бои, од светли до темни нијанси.

Полираната обработка ја истакнува структурата и бојата, додека рапавата површина не лизга и дава природен изглед. Затоа гранитот често се избира за скали, подови, фасади, тераси и други внатрешни и надворешни површини.

Примени

Каде се користи

  • Внатрешни скали
  • Надворешни скали
  • Внатрешни подови
  • Надворешни подови со многу минување
  • Дворови и тераси
  • Плоштади и кејови
  • Кујнски плотови
  • Фасади и цокли
  • Споменици

Финиши

Како може да изгледа

Гранитот го нудиме со полирана или рапава површина, или како буња, во зависност од намената и посакуваниот изглед.

  • Полиран

    Мазна површина со изразен сјај што ја истакнува природната структура и боја на гранитот.

  • Рапав

    Термички обработена, текстурирана и нелизгава површина погодна за надворешна употреба, скали, патеки и други површини.

  • Буња

    Изразено релјефна и природно расцепена површина која ја нагласува суровата убавина и моќниот тродимензионален изглед на каменот.

Производи

Го нудиме како

Технички податоци

Спецификации

Спецификации – Гранит
Густина2,61–3,07 g/cm³ · според 11 камења на залиха
Апсорпција на вода0,01–0,31 % · според 5 камења на залиха
Јакост на притисок129–364 MPa · според 5 камења на залиха
Дебелини1,2 cm · 1,5 cm · 2 cm · 3 cm · 6 cm · до 8 cm по нарачка
ФорматиТабли 240–330 × до 75 × 2 cm · плочки 60 × 30–60 × 1,2–2 cm · и по нарачка

Индикативни вредности за овој тип камен – природниот камен варира по серија. Побарајте атест за конкретна испорака.

Одржување

  • Гранитот бара минимално одржување – неутрално средство и вода се доволни.
  • И покрај цврстината, избегнувајте удари со тврди предмети по рабовите.
  • За надворешни површини повремено проверете ги фугите – каменот трае, фугите се менуваат.

Најчести прашања

Не – бојата е минерална и UV-стабилна. Затоа е стандард за фасади и надворешни елементи.

Да – ниската апсорпција го прави отпорен на циклуси мрзнење-одмрзнување, соодветен за нашата клима.

Полираниот сјае, лесно се чисти и ја истакнува бојата – погоден е за ентериер, а полираните скали се користат и внатре и надвор. Рапавиот е за надвор – скали, тераси и дворови, каде површината не смее да лизга. Погледнете ги сите три финиши – полиран, рапав и буња – во живо во магацинот во Велес.

Ви треба гранит за вашиот проект?

Пратете ни скица, мерки или фотографија – ќе предложиме камен и финиш и ќе ви пратиме понуда.

Побарајте понуда