Мермер
Секоја плоча со свои жили – природен камен за внатре и надвор.
- Јакост
- 55–98 MPa
- Апсорпција
- 0,07–0,29 %
- Финиши
- Полиран · Рапав · Буња
- Залиха
- 5

Каде да купите мермер во Македонија
5 камења на залиха
Мермери на залиха
За материјалот
Што е мермер?
Мермерот е природен камен со карактеристична структура, видливи жили и нијанси кои се разликуваат од плоча до плоча. Во зависност од видот и обработката, може да има мазна полирана површина или поприроден, текстуриран изглед.
Се користи за подови, скали, ѕидни облоги, бањи, камини, работни и декоративни површини. Особеноста на мермерот е токму во неговата природна варијација, па секој проект добива свој изглед.
Примени
Каде се користи
- Внатрешни подови
- Надворешни подови
- Скали
- Бањи и облоги
- Плоштади
- Кејови
- Дворови и тераси
- Споменици
- Декоративни елементи
Финиши
Како може да изгледа
Мермерот го нудиме со полирана или рапава површина, или како буња, во зависност од намената и посакуваниот изглед.
Полиран
Мазна површина со изразен сјај што ја истакнува природната структура и боја на мермерот.
Рапав
Текстурирана и нелизгава површина погодна за надворешна употреба, скали, патеки и други површини.
Буња
Изразено релјефна и природно расцепена површина која ја нагласува суровата убавина и моќниот тродимензионален изглед на каменот.
Производи
Го нудиме како
Технички податоци
Спецификации
| Густина | 2,62–2,75 g/cm³ · според 5 камења на залиха |
|---|---|
| Апсорпција на вода | 0,07–0,29 % · според 4 камења на залиха |
| Јакост на притисок | 55–98 MPa · според 4 камења на залиха |
| Дебелини | 1,5 cm · 2 cm · 3 cm · 6 cm · 8 cm · до 10 cm по нарачка |
| Формати | Ленти 100–140 × 15–40 × 2 cm · плочки 40–80 × 10–40 × 2 cm · и по нарачка |
Индикативни вредности за овој тип камен – природниот камен варира по серија. Побарајте атест за конкретна испорака.
Одржување
- Избришете ги истурените течности веднаш – особено киселите (лимон, вино, оцет) што можат да ја нагризат површината.
- Чистете со pH-неутрални средства и мека крпа; избегнувајте абразиви.
- Периодичната импрегнација ја штити површината од дамки – препорачуваме заштита уште при монтажа.
Најчести прашања
Во магацинот на ДАГО Мермери во Велес. Имаме пет мермери во готови димензии, а превоз низ Македонија организираме по договор.
Може, со импрегнација и внимание на киселини. За интензивна употреба почесто препорачуваме гранит – ќе ве советуваме според навиките.
Да – мермерот се користи и надвор и внатре: за подови, скали, тераси, фасади и облоги. За надворешни површини по кои се оди препорачуваме рапав финиш, кој не лизга.
Со редовно неутрално чистење и повремено полирање. Полираниот финиш може да се обнови и по години употреба.
Ви треба мермер за вашиот проект?
Пратете ни скица, мерки или фотографија – ќе предложиме камен и финиш и ќе ви пратиме понуда.




