Окапници по мера за прозорци и балкон
Изработуваме окапници по мера од мермер Мура, гранитни табли и варовник Враца – за прозорци и балкони. Работ го обработуваме по ваш избор (индустриски кант или заоблен раб), а одоздола правиме жлеб за вода. Превозот е по договор, или подигање од Велес.
Од кои материјали можете да нарачате
Ленти
готови на залиха, 2 cmЛенти · Мермер
Мура
Готови ленти на залиха – полирани, дебелина 2 cm. Мура: ширини (длабочини) од 15 до 40 cm, должини 100–140 cm. Ако ја немаме точната мерка, ги сечеме и скратуваме на мера. Работ го обработуваме по ваш избор: индустриски кант, заоблен раб R15 и жлеб за вода.
Гранитни табли
табли до 330 × 75 cm, 2 cmТабли · Гранит
Дарк Прајм
Табли · Гранит
Елеганс
Табли · Гранит
Силвер Вејв
Табли · Гранит
Вајт Аура
Табли · Гранит
G664
Табли · Гранит
Греј Хармони
Од гранитните табли сечеме окапници во должина до 330 cm и длабочина до 75 cm – погодно за долги прозорци, балкони и надворешни површини.
Табли од варовник
табли Враца, 200 × 60 cmТабли · Варовник
Враца
Табли од варовник Враца – 200 × 60 cm, се сечат на точна мера. Топол, светол камен со мирна површина – за окапници за прозорци и балкони.
Обработка на работ
Видливиот преден раб го обработуваме по ваш избор. Пресек низ окапницата од 2 cm, со мерки:
Индустриски кант
Горниот преден агол е отсечен под 45°, 3–5 mm. Долниот агол останува прав.
Заоблен раб R15
Горниот преден раб е заоблен со радиус 1,5 cm. Долу останува прав дел од 5 mm.
Жлеб за вода
Жлеб 0,5 × 0,5 cm одоздола, 0,5 cm од предниот раб. Водата капе од жлебот, наместо да тече по фасадата. Се комбинира со двата рабови.
Како да добиете понуда
Испратете мерки преку Viber или WhatsApp на 070 279 015, на e-mail info@dagomermeri.com или преку формуларот на сајтот. Напишете:
- должина и длабочина на секоја окапница (и колку излегува од ѕидот);
- материјал: мермер Мура, гранит или варовник Враца (или прашајте за совет);
- раб: индустриски кант или заоблен раб – и дали сакате жлеб за вода;
- број на парчиња и во кој град е објектот, за превоз.
Превоз
Превозот е по договор – го организираме преку надворешна транспортна фирма. Можете и сами да ги подигнете окапниците од Велес.
Чести прашања
Од мермер Мура (ленти 15–40 cm), гранитни табли (до 330 × 75 cm) и табли од варовник Враца (200 × 60 cm).
Да. Жлебот е 0,5 × 0,5 cm, одоздола, 0,5 cm од предниот раб – водата капе наместо да тече по фасадата.
Индустриски кант (горниот агол отсечен под 45°, 3–5 mm) или заоблен раб R15.
Лентите Мура се 100–140 cm, а од гранитните табли сечеме до 330 cm.

