Прескокни до содржината

Гранитни плотни за кујна по мера

ДАГО Мермери сече гранитни плотни за кујна по мера, со дебелина 2 cm, од гранитните табли што ги имаме на залиха. Ги сечеме отворите за мијалник и рингла и ги обработуваме рабовите. Испратете ни ги мерките и ќе ви испратиме понуда.

Од кои камења

Таблите се долги 240–330 cm, зависно од таблата, па кај повеќето кујни плотната може да се исече од едно парче.

Што правиме

  • Сечење по мерка
  • Отвори за мијалник, плоча за готвење, славина и други по потреба
  • Кантирање и заоблување на рабовите

Отвори и грб

Ги сечеме отворите за мијалник, плоча за готвење, славина и други по потреба. Грбот (облогата на ѕидот над плотната) го правиме од истиот камен, во иста понуда – со или без отвори за штекери. Сè се изработува по мерките или шаблонот што ни ги давате.

ГРБ – поглед однапредштекери (по потреба)60 cmПЛОТНА – поглед одозгораславинадруг отвормијалникплоча за готвење60 cmпреден раб

Цртежот е пример. Мерките и отворите ги давате вие (мерки, шаблон или упатство од мијалникот и плочата за готвење).

Дебелина на работ

Плотната е дебела 2 cm. Ако сакате подебел изглед, правиме подлепен раб: однапред се лепи парче под 45°, па работ изгледа 4 cm.

Стандардно – 2 cm2 cmПодлепен раб – 4 cm45°лепено под 45°4 cm

Предниот раб на плотната и парчето под него се сечат под 45° и се лепат, па спојот е на аголот и речиси не се гледа.

Монтажа не нудиме: плотната ја поставува вашиот мајстор или столар.

Како да добиете понуда

Испратете мерки преку Viber или WhatsApp на 070 279 015, на e-mail info@dagomermeri.com или преку формуларот на сајтот. Напишете:

  1. должина и длабочина на секој дел;
  2. каде доаѓаат мијалникот и рингата и нивните мерки (или моделот);
  3. кои рабови се видливи и каква обработка сакате;
  4. кој гранит го сакате (или прашајте за совет);
  5. во кој град е објектот, за превоз.

Превоз

Превозот е по договор – го организираме преку надворешна транспортна фирма. Можете и сами да ја подигнете плотната од Велес.

Чести прашања

Цената зависи од каменот, мерките, бројот на отвори и обработката на рабовите. Испратете ни мерки и ќе добиете понуда.

2 cm.

Да.

Не. Ја сечеме и обработуваме, а монтажата ја прави вашиот мајстор.

Да, таблите се во нашиот магацин во Велес. Работно време: понеделник – петок 08:00 – 16:00, сабота 09:00 – 13:00, недела затворено.

Да, превозот е по договор – го организираме преку надворешна транспортна фирма.