Прескокни до содржината
НовоНово пристигнато

Ново на залиха: рапави плочки Елеганс и Роса 60 × 60 и 60 × 30, 2 cm

Во магацинот во Велес на залиха се три нови рапави гранитни плочки со дебелина 2 cm: Елеганс 60 × 60, Роса 60 × 60 и Роса 60 × 30.

Рапави плочки Елеганс и Роса 60 × 60 × 2 cm – ДАГО Мермери Велес

Елеганс е светол, сивкасто-бел гранит со фини темни точки, а Роса е гранит со розеви, сиви и црни нијанси. Двата се од Египет.

Рапавата површина е помалку лизгава кога е мокро, па овие плочки се за двор, тераса и надворешни површини. Со дебелина од 2 cm се и за двор каде се вози автомобил. Повеќе за изборот прочитајте во „Плочки за двор и тераса од природен камен“.

Една плочка 60 × 60 cm е 0,36 m², па за 1 m² одат околу 2,8 плочки. Кај 60 × 30 cm тоа се околу 5,6 плочки. Сите плочки ги имате на страницата Плочки.

За понуда јавете се на 070 375 429 или пишете ни преку Viber или WhatsApp на 070 279 015.

Последно ажурирано: