Прескокни до содржината
Водич

Одржување на природен камен: импрегнација и чистење

Каменот не бара многу, но бара вистинска грижа. Погрешните средства можат да направат повеќе штета од дневната употреба.

Одржување на природен камен: импрегнација и чистење

Што е импрегнација и зошто е потребна?

Импрегнацијата навлегува во каменот и го намалува впивањето на течности, што ги спречува дамките. Таа не создава слој што се гледа и не го менува изгледот на каменот, туку ги затвора порите однатре. Најмногу ја бараат порозните камења – мермер, варовник и травертин – но и гранитот на кујнски плотови и надворешни површини.

Колку често се импрегнира каменот?

Препорачливо е при монтажа и повторно на неколку години, зависно од употребата. Едноставна проба: ставете неколку капки вода на површината. Ако по неколку минути каменот потемни на тоа место, впива и е време за нова импрегнација. Ако водата стои на капки, заштитата сè уште работи.

Како се чисти секојдневно?

Користете pH-неутрални средства и мека крпа. Избегнувајте абразиви и киселински средства (сирќе, лимон, средства за бигор), особено на мермер и варовник.

  • Подовите редовно метете ги или правосмукајте ги – песокот гребе како шкурка.
  • Ставете отирачи на влезовите, за помалку песок да стигне до каменот.
  • Бришете со вода и неутрален детергент, па подот оставете го да се исуши.

Што да не користите на камен?

  • Кисели средства – сирќе, лимон, средства за бигор и некои средства за бања; на мермер оставаат матни траги.
  • Абразивни прашоци, жица и груби сунѓери што гребат.
  • Агресивни хемиски средства кога не е јасно дали се за камен – прво пробајте на невидливо место.

Како да отстраните дамки?

Истурените течности бришете ги веднаш. За вжедени дамки постојат специјални пасти според типот на дамка – прашајте не за совет пред да експериментирате.

  • Масло и маснотии – брзо попијте со хартија, без триење.
  • Вино, кафе и сокови – избришете веднаш, особено на мермер, бидејќи киселината ја нагризува површината.
  • Рѓа и стари, вжедени дамки – специјални средства, по совет.

Дали мермерот и гранитот се одржуваат различно?

Гранитот бара минимална грижа и тешко се гребе. Мермерот е помек и чувствителен на киселини: на полиран мермер, лимонот или виното оставаат матни траги што не се дамка, туку нагризана површина. Сјајот на таков мермер се враќа со повторно полирање, кое го прават мајстори.

Како се одржува каменот надвор?

Надворешните површини перете ги со вода и мека четка. На засенети и влажни места може да се појави мов или зеленило – отстранете ги навреме, без киселини. Порозните камења надвор имаат корист од импрегнација, особено пред зима.

Едно правило вреди повеќе од сите: избришете го истуреното веднаш и никогаш не оставајте кисели течности на мермер.

Ако не сте сигурни со што да го исчистите вашиот камен, пишете ни – ќе ви кажеме што е безбедно за тој камен.

Последно ажурирано: